Светски првенства
Вертонген им одговори на Де Брујне и Азар: Толку можеме со стари офанзивни играчи
Белгија ќе одлучува за пласман во осмифиналето на Светското првенство во директен дуел со Хрватска во последното коло, а тоа е јасна најава дека „црвените ѓаволи“ можат и да извисат и да доживеат неочекувано рана елиминација.
Селекторот Мартинез не може да го пронајде вистинскиот состав и формација, а очигледно има недоразбирања и меѓу репрезентативците.
Во првото коло на теренот се расправаа Де Брујне и Алдервајрелд, а првата ѕвезда предизвика дебата и со изјавата дека Белгија не може да стане светски првак затоа што има превозрасни фудбалери. Изјава во сличен стил имаше и Еден Азар, кој директно ги споменал стоперите.
По поразот од Мароко, отровна стрела на сметка на Де Брујне и Азар стигна од поискусниот Јан Вертонген, кој очигледно алудирал на неговата изјава.
– Не направивме доволно шанси, а примивме два исти гола на прва статива (едниот беше поништен).
– Мислам дека имаме квалитет да се надеваме на подобар резултат во третото коло, но очигледно напаѓаме лошо затоа што офанзивните играчи се престари, – рекол Вертонген.
-
Англијапред 15 часа
Бесниот Ван Дајк испрати брутална порака до своите соиграчи по тешкиот пораз од Евертон
-
Италијапред 23 часа
Скамака даде атрактивен гол, Аталанта ќе го предизвика Јувентус во финалето на Купот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти ја искоментира конечната одлука на Чави и откри дека Куртоа направил чудо изминативе две недели
-
Англијапред 23 часа
Евертон по 14 години го совлада Ливерпул на „Гудисон Парк“, Јунајтед со нов меч со шест гола (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Потпретседателот на Барса објасни зошто Чави решил да остане тренер и наредната сезона
-
Англијапред 14 часа
Тен Хаг до критичарите: Видов само две негативни работи
-
Францијапред 11 часа
Фудбалски деликатес: Неверојатниот дриблинг на Мбапе ги зачуди фановите (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Чави детално објасни зошто ја променил одлуката: Не станува збор ниту за его, ниту за пари!