(Видео) Зеленски: Благодарение на системите од Западот ги соборивме повеќето руски ракети

Најмалку 11 лица загинаа во серија руски напади низ Украина, откако Киев доби ветувања од САД и Германија дека ќе добие модерни борбени тенкови. Државната служба за итни случаи, исто така, соопшти дека 11 лица биле повредени во бомбашките напади, во кои биле истрелани повеќе од 50 проектили и дваесетина беспилотни летала камикази, според украинската војска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на нападите барајќи од Западот дополнителна испорака на оружје.

„Ова зло, оваа руска агресија може и треба да се запре само со соодветно оружје“, рече тој во својот говор. Украинците успеаја да ги соборат повеќето од 55-те проектили истрелани од Русија, а Зеленски ја припиша таквата ефикасност на системите за противвоздушна одбрана донирани од Западот.

„Благодарение на системите за противвоздушна одбрана доставени до Украина и професионалноста на нашите војници, успеавме да ги собориме повеќето руски ракети. Ова се најмалку стотици спасени животи и зачувани десетици инфраструктурни објекти“. тој рече.

Украинскиот лидер се осврна на ситуацијата во Донбас, каде се уште се водат најжестоките борби.

„Мораме да ги победиме терористите на теренот. Што и да планираат руските окупатори, нашите подготовки мора да бидат посилни. Благодарен сум на сите наши единици кои го покажуваат отпорот што и треба на Украина, го исцрпуваат окупаторот и го уништуваат“, нагласи тој.

„Колку повеќе Русија губи во оваа битка за Донбас, толку помал ќе биде нејзиниот вкупен потенцијал“, продолжи тој.

Зеленски истакна дека неговата влада е свесна за руските планови за идни операции во Украина и ги уверува своите сонародници дека веќе подготвуваат одговор на потезите што Русите ќе ги преземат.

 

Текстот (Видео) Зеленски: Благодарение на системите од Западот ги соборивме повеќето руски ракети е превземен од МАКФАКС.