ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати

Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.

Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.

ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.

Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.

 

Текстот ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати е превземен од МАКФАКС.