Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети.

Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, Стоичков, Бекембауер, Румениге, Ван Бастен.Вистински легенди.

Тука е Златната топка на Меси од 2011 година, и трофејот од Лигата на шампионите, како и копачките на Пирло.

Вистинско уживање за фудбалските фанови.