fbpx

Поведена истрага против битолчанец за силување на 14-годишно девојче

Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот 21-годишник во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз малолетничка

-

Основното јавно обвинителство Битола поведе истрага против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“, соопштува Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Нарачал голем ѕиден часовник со модерен дизајн, му стигнал мал пластичен со логото на фудбалскиот клуб „Манчестер јунајтед“. Друга госпоѓа нарачала темно зелен фустан со црни цветни мотиви и...