Непобедливи: Баер Леверкузен со историски потфат ја прослави првата титула (Видео)

Баер Леверкузен за првпат во својата 120-годишна историја стана првак на Германија, а Бундеслигата ја освои без ниту еден пораз во 34-те кола и ова е прв ваков пример во историјата на оваа лига и затоа уште долго ќе се памети.

Во топ 5 лигите, 12 сезони (претходно тоа му успеа на Јувентус во Италија во 2011/2012) се немаше случено некој да заврши сезона во лигата без пораз.

Леверкузен сезонава имаше 28 победи, 6 нерешени и ниту еден пораз.

Интересен момент се случи на почетокот на 20-тата минута на денешниот меч во Леверкузен на кој Баер го совлада Аугсбург. Публиката во 19 минута и 04 секунди замолче и една минута не навиваше, во чест на сите фанови на Баер од 1904 година наваму кои не дочекаа да го видат својот тим како освојува титула.

https://twitter.com/i/status/1791838115558039838

- Оглас -

Најнови вести