Британскиот моден совет вчера во салата Ројал Алберт Хол ги додели наградите за најголеми достигнувања во модата (British Fashion Awards), гала настанот се одржа после една година пауза и го водеше ексцентричниот Били Портер.
Наградата за најдобар дизајнер ја понесе Ким Џонс кој креира за Фенди и за машката колекција на Диор, Алесандро Микеле е награден како пионер за своите постигнуваа во Гучи, Томи Хилфигер ја доби наградата за животно дело, а албанската дизајнерка Ненси Дојака е прогласена за млада надеж.
На црвениот килим се појавија бројни ѕвезди од светот на модата и забавата, во однос на нивниот моден избор забежавме дека преовладуваа црни и црвени долги фустани, како и ексцентрични креации со потпис на дизајнерот Ричард Квин кои ги носеа Били Портер, Пријанка Чопра, Елса Хоск, Косар Али, Адисон Ре…
Беше оддадена чест и на американскиот дизајнер Вирил Абло, кој почина ден пред настанот.
Нема коментари