Пахор го менува Лајчак на позицијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина?

by Fokus

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор би можел да го замени специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пишува словенечки „Дело“.

Како што наведува медиумот, Пахор со помош на Министерството за европски и надворешни работи на чие чело е неговата екс сопартијка Тања Фајон, се подготвува да заземе позиција на специјален пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Неофицијалните оценки се дека Пахор е соодветен кандидат кој ги исполнува условите за пополнување на позицијата, додава словенечкиот весник

Пахор се уште нема поднесено барање до Европската служба за надворешни работи, открива „Дело“.

Двегодишниот мандат на Лајчак истекува на крајот на август годинава.

На 7 септември 2022 година, Пахор го посети Косово и Метохија и рече дека Приштина е обврзана да го спроведе договорот за Заедницата на српските општини.

Поврзани новости