ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиски очекувања пред парламентарните избори

Партиите и коалициите кои добија најмалку гласови во првиот круг од претседателските избори, ветија дека ќе ги променат резултатите на парламентарните избори. Велат дека нема да се откажат од своите цели и максимално ќе се заложат на демократски начин да ја обезбедат победата на 8 мај.

„Затоа на изборите на 8 мај ќе победиме, со демократски средства ќе го урнеме резултатот што ДУИ денеска го доби со криминални методи. Овој резултат и да се преточи во пратенички мандати, тоа е мала разлика и со големата посветеност на промените ќе ја претвориме во полза на ВРЕДИ“, рече Билал Касами, ВРЕДИ.

Додека партиите и коалициите кои добија најголем број гласови ветуваат дека ќе ги обезбедат уште повеќе на изборите на 8 мај.

„Кампањата помина одлично, но сега не чека следниот натпревар. На 8 мај имам порака како брат до брат, за сите оние гласачи, нека внимаваат… Ова поглавје беше затворено со најголем успех“, рече Али Ахмети, ДУИ.

Димитриевски од Движењето „Знам“ вели дека со овие резултати партијата што ја предводи ќе биде фактор без кој не може да се формира идната влада.

Парламентарните избори се одржуваат на 8 мај. Кампањата за овие избори почна денеска.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button