Поврзете се со нас

Формула 1

Норис освои пол-позиција за првиот спринт во новата Ф1 сезона

Објавено

на

Ландо Норис од тимот на Мекларен извозе најбрз круг и ја освои пол-позицијата за првата спринт трка во новата Формула 1 сезона.

Ф1 возачите викендов се во Кина каде атрактивниот шампионат се врати по пауза од неколку години, а утринава се одредуваше стартниот поредок за утрешниот спринт натпревар.

Норис имал најдобро време и тоа пред Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, по што следуваат Фернандо Алонсо и Макс Ферстапен. Пласман меѓу првите десет изборија и Саинц, Перез, Леклер, Пјастри, Ботас и Жу.

Ф1 викендот во Кина е прв од шесте сезонава во кој ќе има спринт трки, иако во поразличен формат од претходниот.

Утрешниот ден ќе започне токму со спринтот, по што ќе следуваат традиционалните квалификации за неделната трка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни