Новата ѕвезда на Манчестер јунајтед, 22-годишниот бразилски напаѓач Ентони, предизвика големо внимание поради фактот што е во врска со дури три жени истовремено. Покрај сопругата, неговиот љубовен живот го красат и две љубовници.

Ентони минатото лето направи голем трансфер од Ајакс во Манчестер јунајтед, а по трансферот следуваше повеќекратна промена на животните партнерки. Бразилецот со години е во брак со згодната бринета Розилен Ксавиер. Со неа е од тинејџерските денови, а имаат и син роден во 2019 година.

Сепак, очигледно оваа згодна дама не му била доволна на Ентони. Тој ја изневери со Габи Кавалин, со која имаше романса еднаква на брачна заедница.

Иако раскинаа одамна, бразилските медиуми тврдат дека Ентони повторно е со оваа девојка. Тој ѝ праќал цвеќиња, играчки и чоколадо со јасна желба повторно да бидат заедно. И додека тој се обидува повторно да се поврзе со поранешната девојка додека сопругата дома му го чува детето, тој успеа да заведе и трета девојка. Станува збор за банкарската работничка Ингрид Лана, со која започна романса.

Ентони моментално е на Мундијалот со репрезентацијата на Бразил, но сигурно ќе мора да објасни одредени работи кога ќе се врати дома.

Сопругата со која е во брак пет години сигурно ќе бара објаснување зошто повторно се поврзува со други жени и ќе биде интересно да се види што ќе се случи со него.

Изминативе денови, слична ситуација имаше и кај аргентинскиот фудбалер Езекиел Паласио, кој истовремено беше во врска со три девојки, а на неговиот шарм паднаа Сола Перез, Јулијана Орелано и Карен Грамахо.