Следете не

Култура

Соопштение за Крстопоклона Недела и за празникот Благовештение

Објавено пред

на

Bigorski.org.mk

Минувајќи ги деновите на благословениот пост, се наоѓаме веќе на неговата средина, во која е забодено чесното дрво на Крстот Христов за поклонение, за да нацрпиме сила за до крајот. Но оваа година ни се дава удвоена сила поради тоа што до Крстот Христов е и Пресветата Богородица, односно во Крстопоклона Недела се слави и Благовештението на Пресветата.

Затоа, со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во сабота, на 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј.

Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во недела, во 09:00 часот.

Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена  Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.

Петок

 – 19:00 Акатист на Пресвета Богородица

Сабота

– 16:00 Мала Вечерна

– 20:30 Бдение

Недела

09:00 Божествена Архиерејска Литургија

Култура

Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..

Објавено пред

на

Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи.

Денес е големиот ден, Велики петок.

Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата кога би имало нормални услови се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден

Објавено пред

на

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските нозе, Тајната вечера, свештената молитва за време на вечерата и на гората и предавството Јудино.

Миењето на нозете беше извршено за да се покаже смиреноста на Христа и да им даде до знаење на апостолите дека треба да го прават истото стално и да не бараат старешинство. Тоа останало во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква со векови, а го гледаме со тоа што ниту еден епископ е над другиот, туку и Вселенскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, односно само по важност за свикување на собори, но не по чин и старешинство.

За време на Тајната вечера се востанови Светата тајна Евхаристија (Причест), а Христос тоа го изврши со леб и вино. Тоа се случило четвртокот вечерта, затоа што Евреите го сметаат времето од една вечер до вечерта другиот ден, па така се случила Пасхата во петок. За ова востановување се вели: „И кога јадеа, зеде Исус леб, го бла­гослови, го прекрши, па им даде и рече: ‘Земете, јадете; тоа е Моето тело. Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: ‘Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина’“ (Марко 14,22-24).

Свештената молитва Господ ја кажал додека биле заедно собрани во горната одаја каде што ја јаделе Пасхата (празник на Евреите. Велигден е наречен нова Пасха (Премин)), онака како што вели свети апостол и евангелист Јован Богослов (17,1-26), а потоа и на Гетсиманија (градина, на Маслиновата Гора) според сведочењето на светите апостол Матеј, Марко и Лука (Матеј 26,36-46; Марко 14,32-42; Лука 22,39-46). Таа молитва Христос ја кажал за апостолите, за Црквата и за сите луѓе, а потоа и за Себеси бидејќи не бил само Бог, туку и Човек – Богочовек. Тоа било принос на молитвата од Вистинскиот Првосвештеник, само за да се спаси светот.

Според традицијата во минатото на Велики Четврток жените поминуваат најмногу време во кујната. Тогашнајвозрасните жена во семејството замесува велигденски леб, нарекуван уште богова пита, велигденски кравај или квасник).

Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број велигденски јајца.

Велат исто така, дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мртвите, кои остануваат на земјата 40 дена.

Во минатото на Велики Четврток луѓето ги осветувале новите домови.

Што велат преданијата и Библијата за овој ден?

Одлуката за погубување на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Великпеток. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал “Распни го! Распни го!”. Затоа откако ја изрекол пресудата,Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”.

На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. И денес по 2000 години, патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста. Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”. Кога околу три часот попладне ја предал својата душа на Бог, сонцето се помрачило, се отворале гробови, земјата се тресела, пердето во храмот се разделило на половина, карпи пукале со страшен звук. Со тоа се обестиниле Исусовите зборови дека “и мртвите камења ќе сведочат за живиот Бог”. Покрај крстот останале Богородица, апостолот Јован, Марија Магдалена и уште неколку жени. Нема и скаменета од болка го гледала Богородица безживотното тело на својот син. Јосиф од Ариматеја отишол кај Пилат и го замолил за дозвола телото на Исус да го симнат од крстот и да го погребаат. Бидејќи утредента било сабота (кога ништо не се работи), за да не стои телото три дена на крстот Пилат дал дозвола да го погребаат. Исусовото тело го обвиткале во платно и го однеле во нова гробница, која Јосиф ја подготвил за себе си. Гробот бил издлабен во карпа, на чиј влез Римјаните поставиле огромен камен и стражи, плашејќи се дека некој може да го украде телото.

Прочитај повеќе...

Филм

Вечерва за прв пат во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево, анимираниот детски филм „Смрдушковци“

Објавено пред

на

Денес со почеток од 18:00 часот во големата сала на НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира премиера на детскиот анимиран филм „Смрдушковци“. Популарниот филм достапен преку „Катавеј ДООЕЛ“ кој е во режија на Тоби Генкел и трае 85 минути, веќе се емитува низ градовите, а вечерва ќе биде за прв пат претставен и пред кичевската публика.

Имено, се работи за потрага по својот нов дом, Смрдушковците пристигнуваат во прекрасното, мало и мирно село Смрдвил. Но, за жал Смрдвил има огромен проблем, во близина има локална депонија која предизвикува секакви проблеми и го уништува прекрасниот Смрдвил. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдливците на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдливците, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдливчињата сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.

Кога сме кај билетите, истите можат да се купат во Центарот за култура „Кочо Рацин“ два часа пред емитување на филмот, нивната цена е симболична 100 денари.

Возрасна категорија: За цела публика

Фејсбук настан: ТУКА

Бидете дел.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура54 минути

Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..

Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи. Денес е големиот...

Технологија56 минути

Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..

Она што некогаш беше резервирано за филмските екрани сега е во нашите џебови, означувајќи го неговото присуство на уредите од...

Спорт1 час

Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“

Фудбалската федерација на Македонија денес ја истакна својата судиска анализа, од судиската комисија која ги разгледа спорните моменти од 30....

Скопје3 часа

Следните делници во Скопје за утре ќе имаат посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (3 мај)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Автомобили17 часа

(ФОТО) Официјално најавена Kia „EV6“

Kia подготвува модернизирана верзија на EV6, три години по дебито на овој целосно електричен модел. Официјалното претставување во Јужна Кореја...

Кичево18 часа

(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи

На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се...

Спорт1 ден

ФФМ сеќавање: Десет години од смртта на Илија Атанасовски – Ико, човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж..

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и еден од основоположниците...

Технологија1 ден

На „WhatsApp“ доаѓаат нови функции, овој пат за планирање и организирање на вашите настани

Планирањето и организирањето настани е незаменлив дел од животот на многу луѓе, па веќе имаме бројни апликации и календари кои...

Кичево1 ден

Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг

Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа...

НАЈЧИТАНИ