еМагазин
Image default
Македонија

Суспендирани двајца затворски полицијаци од Штип, на кои им побегнал затвореник

Двајцата затворски полицајци на кои пред неколку дена им побегна затвореник со штраф во колкот од одделот за ортопедија на Клиничка Болница – Штип се суспендирани се до донесување на правосилна одлука.

Директорот  на Затвор-Штип, Мики Тодоров истакна дека против двајцата вработени е поднесена дисциплинска постапка.

– Против двајца затворски полицајци за бегство кое се случи од КБ Штип каде по претходно закажан операциски зафат осуденото лице неколку дена беше на болнико лекување се водат две дисциплински постапки. Припадниците против кого е поднесена дисциплинската постапка се суспендирани се до донесување на правосилна одлука, вели Тодоров.

Дисциплински мерки се поднесени и за други двајца затворски полицајци, кои непристојно се однесувале во угостителски објект за време на работа, а истото го потврди и директорот Тодоров.

-Секое неправилно работење и непочитување на работните обврски носи дисциплинска одговорност. За повреда на службена должност припадникот на затворска полиција одговара дисциплински. Во моментот во КПУ Затвот Штип се водат две одделни дисциплински постапки.

Првата е за непристојно однесување на припадникот на затворска полиција при вршење на работа и работни задачи, а втората е за не извршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење извршување на работните задачи, вели Тодоров.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката е со истечен мандат, рочиштето против Рашковски за случајот „Софтвери” одложено за 14 март

Редакција

МВР со детали за тоа, кој ги поместувал камењата на границата со Грција

Редакција

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Редакција