„Ако сите вие во Европа велите дека Уставот е највнатрешната работа, тогаш ве молиме да имате разбирање и за нашиот Устав зашто тој е закон над законите. Немаме ништо против уставни измени со кои ќе се гарантираат европските стандарди во сите области ама ве молиме, немојте да прифаќате диктати од соседи што се спротвни на европските вреддости и на европското уставно право, бидејќи ние ќе го браниме европското уставно право. Не можам едно да им предавам на студентитите за европското уставно право, а друго да правам во реалноста, рече на митингот во Кисела Вода претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.
Таа порача дека ако биде избрана за шеф на државата, нема да прави никаква разлика меѓу граѓаните, по ниту една основа, партиска, етничка, верска или социјална, туку напротив, како што рече, ќе ги обединува и ќе ги претставува подеднакво. И не е точно, напомена, дека сме против Албанци, Турци или кој било друг, само не сакаме да правиме пазари врз етничка и верска основа, сакаме еднакво да се однесуваме со сите.
За изборот на претседател во Собранието уште еднаш кажа дека е против, зашто ја потетува, како што рече, на социјализмот и комунизмот кога партијата кажувала кој на кое место ќе биде назначен.
Н. А.