Ноќ на изненадувања во НБА: Кливленд и Далас со брејк се вратија во игра и израмнија на 1-1 (Видео)

Кошаркарите на Кливленд и Далас направија големи изненадувања и со брејк успеаја да ги израмнат сериите на 1-1 против Бостон и Оклахома. Најдобрата екипа од регуларниот дел на НБА-лигата, Бостон, доживеа шокантен пораз на домашен терен од Кливленд дури со 24 поени разлика, односно 94-118. Донован Мичел повторно беше незадржлив со 29 поени.

Она што е интересно за овој меч, двете екипи ги добија првата, односно втората четвртина со по 30-24, па на полувремето се замина со нерешен резултат, 54-54. Третата и четвртата четвртина завршија со по 12 поени разлика за гостите.

Фантастичниот Словенец Лука Дончиќ со поддршка од Пи Џеј Вашингтон со по 29 поени беа предводници на екипата на Далас во победата над Оклахома со 110-119 и израмнување на серија на 1-1. Гостите ги добија првите три периоди, а домашните во последната четвртина се обидоа, но не успеаја да ја надополнат негативата и заслужено загубија.

Сериите сега се селат на паркетот на Кливленд и Далас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести