Top Sport

Стив Кер стана најплатениот тренер во историјата на НБА

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, ќе потпише нов, двегодишен договор со Вориорс.
Стратегот Вориорс во тој период ќе заработи 35 милиони долари.

Платата од 17,5 милиони годишно е највисока за тренер во историјата на НБА. .Досега, пред Кер беа Грег Попович (16), Ерик Сполстра (15) и Монти Вилијамс (13,1).

Кер е тренер на Вориорс од 2014 година, а веќе во првата сезона стана шампион.

Во изминатите девет години четири пати беше шампион, а последната титула ја освои во 2022 година.

Покрај четирите прстени што ги освои како тренер, Кер има и пет како играч, три со Чикаго и два со Сан Антонио.

Scroll to Top