Хаварија на Челси на „Емирати“, Арсенал испорача „петарда“ (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал во голем стил вечерва ја продолжуваат битката за титулата во Премиерлигата, продолжувајќи ја агонијата на Челси, на кого му дадоа пет голови.

Нова немоќ демонстрираа лондонските „сини“, а ситуацијата во првиот дел не делуваше така, со оглед дека „топчиите“ имаа предност од само 1-0 со голот на Тросар уште во 4. минута.

Меѓутоа целосна рапсодија на домашните играчи во вториот дел. Најпрво Вајт во 52. минута ја зголеми предноста, за да почне „шоуто“ на Каи Хаверц кој најпрво во 57. минута донесе 3-0, а потоа во 64. минута зголеми и на 4-0.

Конечните 5-0 ги постави Бен Вајт со гол во 70. минута од средбата. Ова е уште еден удар за Челси и за тренерот Покетино, и не е исклучена можноста да добие отказ.

Се вчитува...