Последна нова седница на овој парламентарен состав

Последна нова седница на овој парламентарен состав


Deprecated: Implicit conversion from float 1714287645.933673 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Актуелниот парламентарен состав полека заминува во историјата. Собранието денеска ја започна последната нова седница со неколку други продолженија, но ќе биде функционално и во предизборниот период доколку има итна потреба. Според  Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание, бидејќи ни претстојат редовни избори. Додека трае изборната компања претседателот Митрески не планира да свикува седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница

Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески. Познати се и другите рокови за активностите во изборниот и постизборниот период.

Најдоцна до 12 мај треба да се одржи седница за инаугурација на новиот претседател. Најдоцна до 28 мај треба да биде закажана конститутивната седница на која ќе се бида нов претседател на Собрание и да се верифицираат мандатите на пратениците.

На последната нова седница во Законодавниот дом беше изгласана Декларација за одбележување на четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО, кое државава ја чинеше промена на уставното име, против волјата на граѓаните. Во четиригодишниот мандат на пратениците донесени се 548 закони –  иако влезени во процедура,130 акти или закони не се изгласани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127