Битката за ЛШ продолжува: Њукасл го прегази и Лестер

Њукасл Јунајтед ја продолжува битката за едно од местата кои водат во Лигата на шампиони следната сезона со триумф од 0-3 над Лестер во 31. коло од Премиерлигата.

Марфи во 2. и 11. минута донесе водство од 2-0 за гостинскиот состав, а победата ја потврди Барнс во 34. минута по што мрежите мируваа во вторите 45. минути.

Ова е 16. победа за Њуксал Јунајтед во сезоната со која се искачи на петтата позиција на табелата со 53 освоени бодови. Лестер останува во битката за опстанок со само 17 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...