Ивановска, Соколоска и Левкова се победниците на 12. Ораторска вечер во Штип

Памела Ивановска од средното општинско училиште Љупчо Сантов од Кочани е најдобриот оратор по избор на жити комисијта во категорија средношколци, Елена Соколоска студент на Филолошки факултет во категорија студенти. Гласаше и публиката, па со 67 гласа најдобра беше Даница Левкова од штипската гимназија. И годинава актуелните случувања во државата, недостатоците, нештата кои треба да се променат беа дел од ораторските говори.

„Сега гледајќи низ редовите гледам дека некој фали, затоа јас вечерва издвоив значајно столче за најдобрата личност – татко ми кој ја остави душава во моиве раце. Сте се запрашале ли барем еднаш колку чини човечкиот живот, во чии раце се нашите животи. За жал ова беа прашањата кои се вртеа во глава на едно 15 годишно дете.“ – беше дел од говорот на Ивановска.

Средношколците, но и студентите имаа можност гласно да ги искажат недостатоците во државата, заедницата, општеството. На настанот освен победници се доделија и благодарниците на сите оние кои придонеле за реализација на Ораторските вечери.

Полната сала во Економскиот факултет при УГД и годинава сведочеше за една добра организација и можност младите да говорат со цел да се промени нешто.

На 12. по ред Ораторски вечери во Штип учество зедоа 13 кандидати, сите девојки, студенти или средношколки.

Лаура Стојанова М-Нет