ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прв приоритет е да консолидираме 61 пратеник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говорејќи во својство на иден мандатар за формирање на новата Влада, изјави дека до крајот на мај ќе се обиде да стигне до 61 пратеник . Според него, имало подготвеност кај одредени пратеници да влезат во ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски во интервјуто на Канал5 рече дека целта му е да обезбеди 80 гласа во Собранието заедно со коалицијата ВРЕДИ и уште еден субјект.

„Прв приоритет наш треба да биде да консолидираме 61 пратеник, пред да се влезе во било какви посериозни преговори, места, позиции ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ треба да консолидираат 61 пратенук. Дали ќе успееме не знам. Дали ќе се обидеме да успееме, тоа знам, сигурно ќе дадеме се од себе. Има најави од голем број членови на новиот парламент кои се подготвени да ги поддржуваат политиките на идната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ“, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Мандатите на ВРЕДИ може да се зголемат ако се открие техничка грешка во 6-та изборна единица. Во интервјуто за Алсат, Изет Меџити рече дека може да има изедначување на бројот на освоени мандати во шестата изборна единица на Европскиот фронт и ВРЕДИ. Шефот на Демократското движење потврди дека има преговори со пратеници од Фронтот предводен од ДУИ.

„Знам дека има преговори со поединци од Европскиот фронт кои комуницираат и бараат да одат на другата страна. Во 6 изборна единица, доколку се утврди техничка грешка што е направена за 80 гласа, соодносот може да се смени и резултатот ќе биде 8 спрема 8 за Европскиот фронт и Вреди“, нагласи Изет Меџити, претседател на Демократското движење.

Запрашан за ставовите на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција, техничкиот премиер Талат Џафери рече дека ова е работа на партиите кои добиле мандати во Собранието и тој нема да се меша во партиските работи.

„Станува збор за процедури и процес на калкулации, разговори меѓу партии и субјекти кои имаат добиено мандати во Собранието. Фокусиран сум на обврските и должностите што ги има Владата поради тоа што составот на оваа Влада завршува до изборот на следниот состав“, додаде Талат Џафери, технички премиер.

100-те дена од Техничката влада Џафери ги оцени како успешни, изјавувајќи дека со бел образ го напушта овој кој го спроведувал како што го ветил./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button