Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем има двојна задача против Арсенал, Постекоглу знае што сакаат фановите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Поразот на Астон Вила значеше незгоден удар за Арсенал во битката за титулата, па избраниците на Микел Артета не смеат да направат уште една грешка на градското дерби со Тотенхем.

„Топчиите“ утре имаат незгодно гостување кај најголемиот градски ривал, во дуел во кој Тотенхем има двојна задача. Првата е да освои бодови во битката за место кое води во Лигата на шампионите, а втората да обезбеди дополнителна радост кај фановите, расипувајќи му ги шампионските сметки на Арсенал.

Менаџерот Анге Постекоглу вели дека му е јасно што значи овој натпревар за навивачите.

– Сосема ни е јасно што значи да бидеме домаќини на ваков вид натпревар и да не му дозволиме на најголемиот ривал да го добие најголемото дерби за нас.

– Ги разбираме последиците од тоа, нема потреба да ви кажам како се чувствуваат фановите и што очекуваат од нас, – рекол менаџерот на Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни