Спорт
Португалија и Италија со рутински победи против аутсајдери, Словачка со шок за БиХ
Португалија и Италија стигнаа до очекувани победи во квалификациите за ЕУРО 2024 против далеку послаби противници.
Кристијано Роналдо даде два гола за да го продолжи одличниот скор против Луксембург за 6:0 победа на гости, додека Италија со 2:0 ја совлада Малта во нашата група Ц. Словачка пак, го уништи доброто расположение кај Босна и Херцеговина по победата над Исланд, совладувајќи ја со 2:0.
Во првиот меч на Роберто Мартинез на клупата на Португалија, Кристијано Роналдо беше стартер и го подобри својот неверојатен скор против Луксембург на 11 гола во 11 меча против европскиот аутсајдер. Роналдо го отвори резултатот по само девет минути игра, за Жоао Феликс во 15. минута да зголеми на 0:2. Фуриозниот почеток продолжи во 18. минута со голот на Бернардо Силва, за Роналдо повторно да постигне гол во 31. минута. Во второто полувреме Отавио во 77. минута зголеми на 0:5, а Португалците промашија и пенал преку Рафаел Леао во 85. минута од мечот, за потоа фудбалерот на Милан да се поправи во 88. минута со убав гол.
„Аѕурите“ пак, не беа толку расположени за полнење на мрежата на Малта, но стигнаа до сигурни три поени. Матео Ретегуи постигна гол во втор натпревар едноподруго за Италија за водство по 15. минути игра, за Матео Песина во 27. минута зголеми на 2:0.
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Малта – Италија 0:2
ГРУПА Х
Северна Ирска – Финска 0:1
ГРУПА Ј
Луксембург – Португалија 0:6
Словачка – Босна и Херцеговина 2:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лејкерси го отпуштија тренерот
Лос Анџелес Лејкерс му врачија отказ на тренерот Дарвин Хем. Отказот е последица на елиминацијата, во првата плеј-оф рунда од актуелните шампиони Денвер Нагетс.
За две сезони на кормилото на Лејкерс, Хем забележа 90 победи и 74 порази, минатата сезона стигна до конференциското финале и беше елиминиран од Денвер со 4:0, исто му се случи и оваа сезона, разликата беше само што Лејкерс успеаја да добијат еден натпревар.
Исто така Лејкерси со Хем го освоија турнирот кој се одржува во текот на сезоната во НБА.
Претходно Хем беше асистент во Милвоки Бакс, Атланта Хокс и ЛА Лејкерс.
Спорт
На тренерот на Будуќност му се заканиле со киднапирање на ќерката: Ќе ја фрлиме во река
Црногорскиот фудбал долго време се наоѓа при дното во Европа, но ова што се случува во изминатите два месеци нема никаква врска со фудбалот.
Во црногорскиот фудбал во последно време имаше многу скандали, дивеењето на навивачите на Сутјеска во Тиват, тепачката меѓу играчите по завршувањето на натпреварот меѓу Бокељ и Ком, потоа тепачката меѓу челниците на клубовите Арсенал и Морнар во Тиват, инцидентото што го предизвика голманот на Будуќност, Ѓорѓија Пваличиќ кога нокаутираше соиграч…
Тренерот на Будуќност, Иван Брновиќ поднесе кривична пријава против непознато лице, бидејќи добил информација дека неговата ќерка е киднапирана и дека ќе биде фрлена во река доколку не плати 20.000 евра.
Се испоставило дека неговото 13-годишно дете е безбедно, но заканата била сфатена сериозно, но без сомнение Брновиќ и целото семејство се во во страв.
Заканите биле испратени по тренингот, кога тренерот требало да има средба со навивачката група на клубот, наречена „Варвари“, но таа била откажана поради грозоморните закани.
Спорт
Куртоа се враќа, но нема да брани во Лигата на шампионите
Првиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа би требало да се врати во првиот тим по тешката повреда на коленото, изјави на прес-конференција тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Реал игра против Кадиз во шпанската лига и тоа треба да биде првиот натпревар на Куртоа за „кралскиот клуб“ оваа сезона.
Анчелоти изјави дека Куртоа нема да брани во Лигата на шампионите.
Андриј Лунин е првиот избор на тренрот во среда, кога Реал во Мадрид ќе го одигра полуфиналниот реванш против Баерн.
Украинецот беше одличен за Реал во елитното европско натпреварување и Анчелоти не сака да го користи Куртоа кој штотуку се врати по тешката повреда.
На прашањето кој ќе брани доколку Реал влезе во финалето на Лигата на шампионите, Анчелоти одговори: „Не знам“.