Поранешен голман на Атлетико предизвика расистички скандал, ја понижи младата ѕвезда на Барселона пред камерите

Поранешниот голман на Атлетико Мадрид и експомошник на Диего Симеоне, Херман Бургос, предизвика расистички скандал пред мечот меѓу ПСЖ и Барселона.

Бургос, кој работи како стручен консултант на телевизијата „Мовистар“, ја шокира јавноста со неговиот коментар за Ламин Јамал на загревањето пред мечот.

 

Тој во моментите кога во кадарот се појави Ламал на загревањето, прокоментира:
„Да не успееше во фудбалот, би завршил на семафор“.

Шпанската јавност веднаш го осуди овој коментар како расистички и порача санкции за Бургос.

 

Фудбалерите на ПСЖ и на Барселона по мечот одбија да дадат изјави за новинарот на Мовистар во микс зоната.

Бургос по мечот се извини за својот коментар.
„Немав намета да се повредам Јамал. Ако некој се почувствува навреден, јавно се извинувам“, изјави Бургос.

- Оглас -

Најнови вести