Трагедија во струмичко: Загина тракторист

од Nikola Popovski

Тракторист удрил во метална шипка по што починал на лице место, информираат од полицијата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с.Моноспитово-струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со трактор удрил во метална шипка од пластеник и притоа се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Слични содржини