Top Sport

Фетел ќе тестира за „Порше“

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел ќе биде тест возач на „Порше“, во програмата за Ле Ман.

Како што е соопштено, Фетел ќе го вози „Порше 963“ за тимот „Порше Пенске Мотоспорт“, како дел од 36-часовниот тест на патеката Арагон во Шпанија следната недела.

„Порше“, додаде дека Фетел веќе го вози автомобилот на „кратката програмска сесија во четврток“ на приватната тест патека на „Порше“ во Вајсах.

„Ова ќе биде ново искуство за мене, а потоа ќе видиме што ќе се случи следно во овој поглед. Во моментов нема дополнителни планови за во иднина“, се вели во соопштението на Фетел.

Фетел се повлече од Формула 1 во 2022 година по една сезона во Астон Мартин. Тој тогаш изјави дека сака да поминува повеќе време со своето семејство, но и дека е загрижен за влијанието на Формула 1 врз животната средина.

Од 2022 година, автомобилите во трката „24 часа Ле Ман“, работат на биогориво направено од отпад од винската индустрија.

Scroll to Top