На Јокиќ му дојде идеја: Треба да ме клонираат

Актуелниот НБА првак Денвер нагетс со пораз на домашен терен ја започна серијата во полуфиналето на Западот против Минесота. Гостите одиграа добро во одбраната и успеаа да ги сопрат најдобрите играчи на Денвер. Мареј застана на само 17 поени, а Никола Јокиќ иако постигна 32 поени, имаше многу промашени шутеви.

Најдобриот одбранбен центар во НБА Руди Гоберт беше задолжен за Јокиќ, а потоа во дефанзивата на Србинот се менуваа и Карл-Ентони Таунс и Наз Рид. Запрашан за тоа како може да се прилагоди на толку агресивни играчи во одбраната кои постојано се менуваа и беа свежи, Јокиќ имаше една интересна идеја.

„Мора да се нарави клон од мене. Да ме дуплираат и така тој да може да влегува на мое место и јас да можат да се одморам и да бидам посвеж. Не знам пријателе, затоа и се добри. Може да играат и со висока и ниска постава. Физички играат силно, добро скокаат, агресивни се. Задоволен сум од мојот шут, некои шутеви погодив, некои промашив. Ова беше тежок меч против многу добра дефанзивна екипа“, рече Јокиќ кој дуелот го заврши со 32 поени, но погоди само 11 од 25 упатени удари.

Гоберт одлично успеа да го прочита Јокиќ дури и во моментите кога Србинот сакаше да асистира за лесни поени на своите играчи, што значи дека центарот на Минесота одлично ја простудирал играта на еден од најдобрите играч на денешницата.

- Оглас -

Најнови вести