Вести Македонија

ЦГК: Нетранспарентно се потрошени милиони евра за осигурување, униформи, ужина и фотографирање во училиштата

Државата замижува пред нетранспарентноста и законот дозволува без процедури да се трошат пари во образованието.

Ова го нотира Центарот за граѓански комуникации, во својата најнова анализа.

Минатата година без отчетност се потрошиле околу 10 милиони евра за набавки коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата, се вели во заклучокот од страна на невладината организација.

Набавките се за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина и друго. Јавни огласи се објавувале само за екскурзиите.

Најголем дел од училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите.

„Дури и кај оние училишта што ги доставија одлуките за избор од страна на советите на родителите не може да се утврди како се прибрани разгледуваните понуди, односно кој одлучил од кои конкретни фирми да се бараат понуди за набавките. Раководствата на речиси сите училишта се оградуваат од процесот на спроведувањето на овие набавки со став дека тие не ги собираат парите од родителите, туку дека се врши директно плаќање кон избраните фирми“ се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, со наслов: „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата“.

Истражувањето е спроведено во 96 основни и средни училишта, во осум општини во земјата.

Образовните установи не ги користат своите веб-страници за објавување релевантни информации во однос на набавките финансирани со пари од родителите, ниту, пак, за информации со кои правни лица се склучени договорите и како е направен нивниот избор.

Најголемиот број од училиштата, пак, немаат ниту функционални веб-страници, нотираат од Центарот за граѓански комуникации во истражувањето.

Оттаму препорачуваат Министерството за образование и наука да ги изготви подзаконските акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитнообразовните институции кои не подлежат на Законот за јавни набавки, а сето тоа со една цел – да се намалат можностите за корупција и злоупотреба на службената позиција.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе