Навивачите на Ливерпул ќе имаат шанса да бидат дел од специјалната церемонија за збогување со тренерот Јирген Клоп на 28 мај.
Германецот го напушта кормилото на Црвените по девет години, а церемонијата ќе се одржи во „М&С Банк арената“, сала со капацитет од 9.000 седишта, и вечерта ќе биде полна со спомени, магични моменти и музика од локални бендови и пејачи.
Парите собрани од продажбата на билетите за настанот ќе одат во фондацијата на клубот. Во текот на вечерта, Клоп ќе одговара и на прашања од навивачите.
Во своето време како тренер на Ливерпул, Клоп донесе незаборавни спомени за навивачите на англискиот гигант, освојувајќи сè што е можно, освен Лигата на Европа.