Connect with us

Други спортови

Почина Велибор Џаровски, букмејкерскиот „крал“ кој наместил стотина мечеви, еден завршил 134:1!

Велибор Џаровски, познатиот „крал“ на обложувалниците, почина на 75-годишна возраст. Џаровски беше еден од најголемите шемаџии во поранешна Југославија, а во текот на својата „кариера“ намести стотина натпревари во сите спортови. Во 1987 година Џаровски три месеци беше во сплитскиот затвор бидејќи договорил најмалку 22 натпревари од југословенското фудбалско првенство, а и денес се раскажуваат некои негови легендарни аранжмани.

Во 1979 година го намести натпреварот меѓу македонските нисколигаши, ОФС Охрид,  Илинден 903 – Дебрца, кој заврши со неверојатни 134:1, а можеби најголемиот негов подвиг е што го намести ракометниот натпревар од Втората југословенска лига меѓу Металац од Ваљево и Индустријалец од Скопје да завршат со резултат 0:0.

 

Покрај обложувачките шеми, Џаровски беше менаџер и на најголемите естрадни ѕвезди од 80-тите, а соработуваше и со Здравко Чолиќ, Бело Дугме, Миша Ковач, Тереза Кесовија и многу други.