ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За скромен живот, потребни се најмалку 60.000 денари месечно

За скромен живот, потребни се најмалку 60.000 денари месечно

Додека предизборната кампања го привлекува вниманието на граѓаните, трговците во не се двоумат да ја искористат можноста за ново поскапување. Во овој период е забележан благ пораст на некои прехранбени артикли што директно влијае на зголемувањето на месечните трошоци на семејствата. Во месец април потрошувачка кошничка достигна 60.212 денари, соопштија синдикатите. Ако на ова се додадат и трошоците за закуп на стан од 60м2, ќе бидат потребни 1200 евра .

„Во споредба со минатиот месец, на едно 4 члено семејство сега му се потребни дополнителни 1.214 денари за покривање на основните трошоци. Според проценките, најмногу пари месечно се трошат за храна и пијалоци или над 22.000 денари”, велат од Сојуз на македонски синдикати .

За кирија, вода, струја и парно 6.014 денари или 10%, за облека и обувки 4.866 денари 8,1%, за лична хигиена и одржување на куќа 1.827 денари или 3%, за здравје 1.059 денари или 1,8%, за превоз 5.068 денари, 8. %. На четиричлено семејство во април годинава му требаат 3.004 денари за превоз, 5% од минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари или 7,3%, за образование 6.955 денари или 11,6%, за ресторани и хотели 3.890. денари или 6,5%, додека за други стоки и услуги 950 денари, односно 1,6%.

Според анализата на ССМ, домаќинствата купуваат само основна храна. Кога купуваат облека, тие секогаш им даваат предност на производите кои имаат попусти. Сите членови на семејството ги користат најпотребните здравствени услуги. Немаат можност да јадат во ресторани, само два пати месечно можат да купат храна од „брза храна“, а во вонсезона одат на одмор во камп во Дојран на 7 дена./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button