Јавно наддавање за дел од одземениот имот на Мијалков

0
124

Агенцијата за управување со одземен имот денес во периодот од 09:00 до 12:00 часот спроведува продажба на одземен недвижен имот на Сашо Мијалков по пат на електронско јавно наддавање. Резултатот од продажбата ќе се презентира на прес-конференција (13:00 час) од страна на директорот на Агенцијата, Дритон Небиу.

Обвинителството во јуни минатата година објави список со целиот имот кој треба да му се одземе како имот на Мијалков во спогодбата со која призна вина и доби три години затвор за предметот „Империја“, каде беше обвинет за перење пари. Првичната проценка на Обвинителството е дека вредноста на недвижниот имот изнесува 14,1 милиони евра.

Од Агенцијата велат дека од почетокот на минатата година до сега во државната каса влегле речиси 9 милиони евра, од кои 6 милиони евра биле конфискувани пари, а остатокот од продажба на запленетиот имот за кој со правосилна пресуда е докажно дека е стекнат со криминал.