Кошаркарската легенда, Коби Брајант доби статуа во „градот на анѓелите“

Пред кошаркарската арена Крипто.ком (Crypto.com) во Лос Анџелес се одржа свечена церемонија на која беше откриена статуата на Коби Брајант, легендарниот американски кошаркар и поранешна ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс.

Пред четири години, пензионираниот 41-годишен кошаркар, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џана, шесте патници и пилотот.

Статуата е дело на скулпторката Џули Ротблат Амрани и го прикажува легендарниот кошаркар со показалецот од десната рака насочен кон небото. Тоа беше моментот кога го напушти паркетот во јануари 2006 година, откако постигна 81 поен против Торонто.

Во брилјантната кариера Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата, пет пати беше шампион во НБА, со ЛА Лејкерс, каде што ја мина целата кариера.

Двапати беше прогласуван за најкорисен, МВП играч на финалната серија, а 18 пати се појави на НБА Ол-стар натпреварите и освои два златни олимписки медала.

Блескавата кариера ја заврши со 33.643 постигнати кошеви, 7.047 скокови и 6.306 асистенции. Тој е четвртиот најдобар стрелец во НБА историјатa.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО