Ни магарињата веќе не даваат да се јаваат!

510

И овој Први мај во малото Стојаково се организирaа традиционалните Првомајски трки. Учесниците се натпреваруваа во трка со коњи, трка со магариња, „работничка трка” со колички, скокање во вреќи, трка со велосипеди, борба на рака.. Новитет годинава беше нова трка, насловена како Пензионерска трка – на 100 метри, а пензионерите трчаа под мотото „Како да се издржи со пензијата од први до први“! Интересно од годинашнава трка со магариња, е што ниту едно не дозволи да се јава, па на шега, учесниците прокоментираа „Дури ни магарињата не даваат да бидат јавани”

И оваа година, Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци ги организирaше традиционалните „Првомајски трки“. Станува збор за натпревари во неколку дисциплини како и богата културно-уметничка програма што секоја година се одржуваат на Први мај, во Стојаково, – традиција која се негува од 1951 година и веќе 73 години е заштитен белег на жителите од ова мало место.

Учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини, трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, скокање во вреќи, трка на 1.500 метри, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже. На првите три натпреварувачи во сите категории организаторите им доделија и парични награди.

Интересно од годинашнава трка со магариња, е што ниту едно не дозволи да се јава, па на шега, учесниците прокоментираа „Дури ни магарињата не даваат да бидат јавани”.

Она што беше новитет оваа година е воведување на нова дисциплина, нова трка, насловена како Пензионерска трка. Трката беше на 100 метри, а пензионерите трчаа под мотото „Како да се издржи со пензијата од први до први“.

По завршувањето на овогодишните Првомајски трки, членот на Организациониот одбор, Александар Каракабаков, во изјава за весникот ВЕЧЕР истакна дека посетеноста на овие трки е голема, а задоволството е поголемо бидејќи се пријавуваат од година до година  се повеќено  млади учесници, а со тоа младите покажуваат дека се грижливи чувари на традицијата, која во ова место се пренесува од колено на колено.

Каракабаков вели дека првата Првомајска трка во Стојаково се одржала  во далечната 1951 година, и се претпоставува дека таа е организирана во времето на т.н колективизација и масовното прославување на Денот на трудот – 1 Мај.

Во забавниот дел на оваа интересна манифестација, учествуваа ЗКУД”, Бран Петрушев” фолклорна секција СТОЈАКОВО, DАNCE ГРУПА “DIVA” Гевгелија , Оливера Станковска, група „Фрка“ , Маја и Џоле група „Акварела”, Сијче и група “FONIA”, Томе Капсаров-Брзи и неговата група, и Ричард Тарабан Димитров. Почесен гостин беше Игор Џамбазов.

Љ.А.