Стигна закана од Баерн Минхен: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите!

Баерн Минхен по лошо ќе ја памети оваа сезона во германскиот фудбал. Најтрофејниот германски клуб остана без трофеј на домашната сцена откако загуби во Суперкупот, беше елиминиран во Купот на Германија, а во првенството Баер Леверкузен веќе ја прослави првата титула во клупската историја.

За Баерн Минхен останува само уште настапот во Лигата на шампионите, каде што германскиот гигант утре ќе го игра реваншот во четвртфиналето против Арсенал. На првиот меч во Лондон, дуелот заврши 2:2 и сега на „Алијанц арена“ треба да ја има фаворитската улога.

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, верува дека неговиот тим има шанси да стигне до титулата во ЛШ.

„По одиграното на првиот меч, верувам дека можеме да одиме понатаму. Ние сме Баерн Минхен. Секако дека секогаш е потребно да се има и среќа во ЛШ, но факт е дека можеме да се спротивставиме и против најдобрите екипи од Премиер лигата, која е најсилна лига во светот. Сепак, со нашиот тимски дух и квалитетот можеме да победиме секого“, оптимистички најавува Хајнер.

- Оглас -

Најнови вести