Сметки
Почестете ги своите најблиски и дозволете им Новата година да ја започнат со БОНУС-CASHBACK
Празниците се можеби најубавиот потсетник, којшто дава поттик за поголем број на подароци и изненадувања во зимската сезона. Финансиските подароци се она, што најмногу ги радува младите, бидејќи придонесуваат за нивна финансиска независност, а и можност за самостојно раководење со сопствените средства.
Шпаркасе Банка, на студентите корисници на „Vibe-on“ пакетот за млади, им обезбеди можност Новата година да ја започнат со одличен вајб, а воедно да добијат дополнителен прилив на средства. Шпаркасе Банка АД Скопје е постојано фокусирана на овозможување на најдобрите услови за младите, како и инвестирање во нивната финансиска едукација. Празничната „Vibe-on Cashback“ приказна, може да биде дел од серијата подарувања на секое семејство и друштво. Секој родител, баба, дедо, тетин, тетка, вујко, вујна, па дури и блиски пријатели, можат да ги изненадат младите, со префрлен паричен износ на нивната Vibe-on трансакциска сметка. Празничната магија на подарувањето нека предизвика насмевка кај младите и нивен самостоен избор за подарок, со кој ќе придонесете за финансиската независност на вашите деца или внуци, но и ќе додадете дополнителна вредност на подарокот со овозможување да освојат и Бонус-Cashback во износ од 500 денари од Шпаркасе Банка.
Доколку сѐ уште не знаете кој е вистинскиот празничен подарок, за вашите помлади членови од семејството, или во вашиот круг на пријатели, тогаш оваа понуда на Шпаркасе Банка е можеби најпривлечното решение и предлог за овие празници. Со истото ги мотивирате младите да штедат повеќе, како и да имаат целосна контрола врз нивните финансии.
Затоа, испратете го вашиот „Vibe-on“ подарок до вашите деца, внуци или пријатели, а тие веднаш ќе можат да започнат со празничен шопинг на нивен начин.
Драги студенти, доколку добиете паричен празничен подарок од родителите, бабите и дедовците или од пријателите на вашата трансакциска Vibe-on сметка, сѐ што ви е потребно е токму преку „Vibe-on“ платежната картичка да направите 10 продажни трансакции, со вкупна вредност од 2.000 денари, заклучно со 31.01.2024, затоа што за најбрзите 3.000 корисници следува „Cashback“, во вкупна вредност од 500 денари.
Шпаркасе Банка се залага за одговорно финансиско делување во иднина, давајќи им можност на новите генерации за свој прилив на средства и самостојно управување со сопствените финансии.
Исплатата на повратот на средства за најбрзите 3.000 корисници ќе започне на 14 февруари 2024 година.
Празниците се совршено време да се почувствува добриот вајб на подарувањето.
Мој вајб на мој начин.
#ВерувајВоИднината
Домашни банки
„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички
Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – „Штеди и кога плаќаш“.(повеќе…)
- Домашни банкипред 2 месеци
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 1 месец
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Банкипред 4 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Домашни банкипред 2 месеци
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка
- Останатопред 4 недели
Кралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите
- Домашни банкипред 2 месеци
Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“од магазинот Global Finance