„Грин машинс“ на „Брако“ склучи соработка за продажба на возила во Мексико со мексиканскиот застапник „Мегамил“

„Грин машинс“ на „Брако“ склучи соработка за продажба на возила во Мексико со мексиканскиот застапник „Мегамил“

пред 1 месец

Брендот возила за чистење на урбани средини Грин Машинс на БРАКО, склучи соработка со Мегамил за продажба на македонските возила на пазарот во Мексико.

Возилата на Грин Машинс беа промовирани на официјален настан во седиштето на застапникот, на кој присуствуваа оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, директорот на американската филијала на Грин Машинс, Александар Младеновски, генералниот директор на Мегамил Марко Мендоза, како и голем број на почесни гости и потенцијали купувачи.

Анѓушев и Мендоза меѓусебно си честитаа за остварената соработка и изразија надеж дека голем број на мексикански градови ќе се придружат на листата на чисти градови кои ги користат специјализираните возила на Грин Машинс.

Компанијата Мегамил повеќе од две децении се занимава со увоз на машини за хигиена од врвни светски брендови од САД и Европа, а располага со мрежа за продажба во сите градови во Мексико.

ПР

Текстот „Грин машинс“ на „Брако“ склучи соработка за продажба на возила во Мексико со мексиканскиот застапник „Мегамил“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top