Анчелоти отпиша четири фудбалери од плановите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и покрај тоа што не е завршена тековната сезона и неговиот тим се уште е во игра за два трофеи веќе започна да размислува за предизвиците кои следат во сезоната 2024/25. Па така искусниот италијански стратег веќе отпиша четири фудбалери за кои нема да има место во тимот по престојното лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Станува збор за Фран Гарсија кој го засили Реал Мадрид за пет милиони евра од Рајо Валекано и беше проектиран за место во почетниот состав, но не ги оправда очекувањата и воошто не се наметна во состав.

Од Мадрид заминува и Дани Себаљос кој не е задоволен од минутажата и статусот кој го има во тимот, исто како и Арда Гулер кој повредите го спречија да го покаже својот потенцијал во првата сезона во клубот. Очекувањата се сепак Турчинот да замине на позајмица со цел да стекне искуство па да се врати назад на „Сантијаго Бернабеу“.

Последен на листата е Кепа Аризабалага кој е на позајмица во Реал Мадрид од Челси. Со враќањето на Куртоа и формата која ја бележи Лунин нема да има место за Шпанецот во својата татковина следната сезона па тој ќе се врати назад во Лондон.

Покрај овие четворица неизвесна е и иднината на ветераните Модриќ и Хоселу кои добија помала минутажа оваа сезона, но Анчелоти е задоволен од тоа што го прикажаа.

Се вчитува...