Поврзете се со нас

Англија

Покетино по историскиот потоп од Арсенал: Не е фер да се употреби тој термин за моите играчи

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси доживеа историски потоп од Арсенал и го претрпе најтешкиот пораз во дуелите со градскиот ривал, кој вчеравечер издоминира во секоја фудбалска смисла и славеше со високи 5:0.

Вчерашниот меч ја преслика цела сезона на Челси во 90 минути и навивачите на клубот останаа засрамени од историскиот пораз, но така не се чувствуваше Маурисио Покетино кој смета дека тој термин звучи прегрубо.

Запрашан дали се чувствува засрамено по изданието и фудбалската лекција од избраниците на Микел Артета, аргентинскиот стручњак го даде следниот одговор:

– Нема да седам тука и да ги оцрнувам моите фудбалери. Околностите кои не следат од стартот се потешки од перформанси како оваа вечер. Не може да обвинуваме млади играчи кои немаат големо искуство, особено кога играат против тим кој се бори за титулата во Премиер лигата.

– Нема да го искористам тој збор кој вие го употребувате (срам), сметам дека не е фер да се употреби тој збор за моите играчи. Не се чувствувам изневерено од нив, ние се уште сме во процес на градење на тим. Кога имаме лоша вечер, таа знае да биде навистина лоша. Кога имаме добра вечер, можеме да му наштетиме на било кого, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни