Данијела Мартиновиќ премиерно во Македонска филхармонија

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Македонската Филхармонија, свој концерт ќе одржи хрватската поп звезда Данијела Мартиновиќ.

Кога сме кај затворањето на круговите со ,,30 години Авалон”, мора да се навратиме на едно име кое е важно за нас, а среќа и за вас. И ние си имавме наша транзиција во работата, која започна во МКЦ, а продолжи во Универзална сала.


Историјата кажува дека први наши концерти таму беа концертите со Мишо Ковач, но евидентно најуспешниот проект некогаш воопшто направен во Универзална сала, од нејзиното постоење, па се до нејзиното затворање беше токму нашата пријателка Данијела Мартиновиќ, со која Авалон Продукција распродаде неверојатни 11 Универзални сали во само 2ипол години?!

За среќа, Данијела и денес е една од најголемите хрватски ѕвезди, активна и актуелна со нови албуми и безброј хитови, па време е за нејзин концерт во Македонска филхармонија, во ова време на… знаете веќе што. Со Данијела една работа е секогаш сигурна – срцето и’ е секогаш 1000% на сцена, се вели во објавата од Авалон Продукција.


Влезниците за овој концерт се распродадени, но закажан е и втор концерт во понеделник на 18 март. Билетите може да ги набавите онлај на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx по следните цени и категории:
1.200 денари и
1.500 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …