Регион

Струмичани верни на традицијата, го празнуваат Чист понеделник со вкусно бело гравче

Струмица и струмичани, верни на традицијата, денеска го празнуваат Чист понеделник. Празникот и големиот Велигденски пост ги собраа граѓаните на градскиот плоштад во заеднички ручек со вкусно бело гравче.

На сите коишто постат градоначалникот Костадинов им посака со лесно да го поминат овој најголем пост за христијаните и упати неколку пораки бидејќи, како што вели тој, се наоѓаме во динамично и време на големи предизвици.

„Фактот што имаме двојни избори само по себе значи предизвик, а и тоа што тие се случуваат во најголемиот христијански пост, треба да ни даде до знаење дека мора да внимаваме оти постот сам по себе не е само физичко постење на организмот, туку, покрај тоа мораме и духовно да постиме и да постиме со мислите. Барем во овие денови да има што е можно помалку омраза, клеветење, негативни кампањи и вести, оти тоа најмалку ни е потребно на сите. Немаат никаков бенефит граѓаните од препукувањето помеѓу партиите, туку да имаме една достоинствена кампања и барем во Струмица да го имаме она на што повикуваме, да се почитуваме едни со други, а се знае програмски нашите копја нека се преклопуваат и таму е местото и фронтот за борба. Господ нека нѐ чува сите, нека ни дари здравје и нека ја чува и благословува Струмица“, порача првиот човек на Општина Струмица.

Препорачуваме:

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Опожарена куќа во Радовиш

Во Гевгелија е мала заинтересираноста за вакцинација на деца од 12 до 18 години