Марго Роби откри дека Макс Ајронс најдобро се бакнува од сите актери со кои глумела

Актерката Марго Роби откри дека најдобар бакнеж од актерите со кои била на филмски сет имала со актерот од филмот „Терминал“.

„Најдобар бакнувач е Макс Ајронс, со кого глумев во филмот Терминал. Се сеќавам дека беше фантастичен“, рекла Марго.

32-годишната актерка имала можност да снима сцени со бакнување со некои од најпознатите актери во светот. Таа снимила неколку интимни сцени со Леонардо ди Каприо во филмот „Волкот од Волстрит“, го бакнувала и Вил Смит во „Фокус“, а го бакнувала и Себастијан Стен за време на снимањето на „Јас, Тоња’. Таа дури снимила и сцена со бакнување со Бред Пит во „Вавилон“. Но според Марго ниту еден од овие актери не се бакнувале толку добро колку Ајронс.

Марго еднаш откри дека снимањето интимни сцени со Леонардо ди Каприо во „Волкот од Волстрит“ и било непријатно и дека дури планирала да се откаже од глумата по објавувањето на филмот. По некое време сфатила дека е надарена во тоа што го работи, па продолжила и понатаму да напредува во кариерата.

Scroll to Top