Со 99,60 % обработени гласови и натаму ДУИ има повеќе мандати од СДСМ, ЗНАМ на Димитриевски стигна до 6 пратеници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ од 59 мандати, „падна“ на 58, додека еден плус има движење ЗНАМ „За моја Македонија“ на Максим Димитриевски кој стигна до шест мандати.

После 99,6 % обработени податоци, СДСМ и натаму има еден мандат помалку од Европскиот фронт, предводен од ДУИ. ДУИ има 19 мандати, СДСМ 18, и ова е историски најмал број на мандати од страна на СДСМ, без разлика дали ќе освои 18 или 19.

Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ) има 13 мандати, додека Левица собра 6 пратеника, исто како и ЗНАМ.