Мбапе со хит реакција на прашањето дали ќе навива за Реал против Баерн (Видео)

Килијан Мбапе беше видливо разочаран што и понатаму останува без трофеј во Лигата на шампионите во својата кариера, и не сакаше да каже уште синоќа дали си заминува од Пари Сен Жермен.

„Ова е мој последен меч за ПСЖ во Лигата на шампионите за оваа сезона, тоа е сигурно“, рече Мбапе кој за 180 минути игра против Борусија не успеа да постигне гол, а ни неговите соиграчи не постигнаа гол на двата меча во Дортмунд и Париз, па Светците се во аут.

ПСЖ немаше среќа, дури шест пати ја погодуваше стативата или пречката.

„На вакви натпревари треба да бидете ефективни, но ние не бевме. Тажни сме“, дода Мбапе кој ја допре топката 51 пат, имаше 22 прецизни додавања, но загуби 18 топки.

За најдобриот француски тим Мбапе постигна 255 голови, има и 108 асистенции на 306 натпревари, но не успеа да го направи она за што дојде во Париз, да ја освои Лигата на шампионите.

Еден од новинарите го праша „Дали ќе навиваш за Реал Мадрид против Баерн? Мбапе ги преврте очите шокиран од прашањето и си замина без да каже збор. Оваа реакција на Мбапе веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи.

Погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести