• Sat. May 18th, 2024

Брера Струмица организира дружење со фудбалската легенда Горан Пандев

ByЃ. K.

Jul 25, 2023

Фудбалскиот клуб Брера Струмица во четврток со почеток во 9 часот на СРЦ Пандев организира „Отворен фудбалски ден“ на кој, сите присутни ќе можат да се запознаат со клубот, а ќе имаат можност да се дружат и со Горан Пандев.

Целта на настанот е да се доближи работата на клубот тренажниот процес до сите дечиња и заинтересирни граѓани и од прва рака да се информираат како да станат дел од фудбалското семејство на Брера Струмица. Од таа причина на теренот на СРЦ Пандев се планираат голем број игри, возбудувања но и награди за сите што ќе бидат присутни и ќе бидат дел од забавните игри.

На настанот ќе биде присутен и основачот на клубот но и сегашен претседател на клубот Горан Пандев кој изрази подготвеност во четврток, својот роденден да го прослави со сегашните и идни фудбалски таленти на Струмица, кога ќе ги најави сите новитети поврзани со младинските школи на Брера Струмица.

By Ѓ. K.