Сторми Даниелс му се закани на Трамп дека ќе му ја уништи кариереата со снимени телефонски разговори

Познатата филмска глумица за филмови за возрасни, Сторми Даниелс тврди дека ќе му ја уништи кариерата на Доналд Трапм, со снимените телефонски разговори кои веќе ги предала на нејзиниот адвокат. Даниелс се најде среде истрага на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, заради наводната исплата во износ од 130,000 долари, пари кои Трамп ѝ ги дал за да молчи за нивната афера.

Парите наводно и ги дал неговиот адвокат, во 2016 година, за време на претседателската кампања, само за да не зборува за нивната афера која ја имале во 2006 година.

„Сè уште се смееш Сторми Даниелс? Изгледа престана да твиташ за Трамп, но сигурен сум дека ќе се смееш последна“, и напишал корисник на Твитер, споделувајќи копија од писмото од тогашниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен од 2018 година кој негира дека и ги дал парите.

Нејзината изјава за прислушуваните разговори се случи истиот ден кога големата порота ненадејно беше откажана откако неидентификуван сведок не се појавил на суд.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, претходно рече дека ќе биде достапна како сведок во случајот на Брег против Трамп и дека ќе танцува на улица доколку Трамп заврши во затвор.

Минатата недела, Даниелс и нејзиниот адвокат, Кларк Брустер, за првпат се сретнаа во канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен поради извештаите дека обвинението против Трамп е неизбежно.

„Сторми одговори на прашањата и се согласи да се стави на располагање како сведок и е достапна за понатамошна истрага доколку е потребно“, рече Брустер.

За потсетување Даниелс се сретна со Трамп прв пат во летото 2006 година на хуманитарниот голф турнир во близина на езерото Тахо, во планините Сиера, на самата граница меѓу Калифорнија и Невада. Тогаш имаше 27 години, а Трамп 60. Рече дека ја поканил на вечера кај него и дека ја дочекал во пижами.

Потоа рече дека го имале најдосадниот секс. Трамп, од друга страна, негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвини за изнуда и измама.

Она што со сигурност се знае е дека Даниелс добила 130.000 долари за нејзиниот молк во пресрет на претседателските избори во 2016 година. Исплатата е дел од истрагата на Окружниот суд на Менхетен за можни прекршувања на законите за финансирање на кампањата.

Кога таа финансиска трансакција излезе на виделина во 2018 година, Даниелс побара од судот да го поништи договорот со Трамп за необјавување и почна да се појавува на телевизиски емисии.

Scroll to Top