Поранешниот фронтмен на „Секс Пистолс“ изгуби на натпреварувањето за ирски претствник на Евровизија

од Vladimir Zorba

Џон Лајдон, поранешниот фронтмен на групата „Секс Пистолс“, не успеа да победи на натпреварот за претставување на Република Ирска на овогодинешната Евровизија.

67-годишникот се надевал дека песната „Хаваи“, за неговата сопруга Нора, која боледува од Алцхајмер, може да победи и да го „привлече вниманието“ на оваа болест.

Бендот „Вајлд Јут“ е избран да го носи ирското знаме на музички натпревар во мај во Ливерпул.

Тие во првата полуфинална вечер ќе ги одмерат силите со претставници на 14 земји, а 10-те најуспешни ќе се пласираат во финалето.

Иако претставниците на Ирска седум пати ја освоија Евровизија, од 2013 година немаа среќа и само двапати се пласираа во големото финале.

Во изјавата по прогласувањето на победникот, пејачот на групата „Вајлд Јут“ рече: „Се тресам, се надевам дека ќе бидеме што е можно подобри“.

Групата претходно имаше турнеја со Луис Капалди, Ниал Хоран и Скрипт и се верува дека е следниот голем бенд кој ќе се пробие од Ирска по неколку години.

Победникот беше избран од ТВ гледачите, како и од национално и меѓународно жири составено од музички експерти.

На крајот за резултатот одлучуваше гласањето на публиката, а „Вајлд Јут“ беше во тесна битка со уште еден изведувач, откако и двајцата имаа поддршка од судиите.

Слични содржини