Средношколци од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип дел од натпреварите во Радовиш и Богданци

Неколку ученици од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип се дел од Олимпијадата за средни стручни училишта која оваа година се реализира во Радовиш. Со трофеј се враќаат во една од категориите, а се чекаат резултати и од останатите.

„Денеска во Радовиш се одржуваат натпревари во рамките на МАСУМ, тоа е Младинска олимпијада за средни стручни училишта. Во оваа Олимпијада учествуваат неколку наши ученици во неколку категории.“ – вели Шалева.

Во меѓувреме средношколците се подготвуваат за Државниот натпревар за средни стручни училишта кој на 16 и 17 мај ќе се одржи во Богданци. Таму учество ќе земат ученици од сите профили од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип.

„Наредната недела на 16 и 17 мај во Богданци ќе се одржат Државните натпревари на средни стручни училишта на кое што натпреварување исто така нашите ученици со сите наши профили со нивните ментори ќе учествуваат на еден ваков голем државен натпревар.“ – додава Шалева.

Директорката Шалева посочи дека се работи и се вежба со цел средношколците од Штип да се покажат во најдобро светло на натпреварот во Богданци и да се вратат со голем број награди.

Лаура Стојанова М-Нет