Русија: 30 македонски државјани загинаа во Украина, има уште 60 на боиштето

Руското министерство за надворешни работи објави листа со странски платеници кои дошле да се борат на страната на Украина од почетокот на војната. На листата стои дека таму имало и 90 македонски државјани, кои се пријавиле да се борат на украинска страна. Стои и податокот дека 30 од нив веќе се убиени.

– Од 24 февруари 2022 година, 13.387 странски платеници кои се борат на страната на Украина. До денес, 5.962 од нив се елиминирани, објави руското министерство.

Според табелата, најмногу платеници се од Полска (2960), убиени се 1497. Следуваат Велика Британија, Романија и Хрватска.

Руското министерство наведува дека 1.113 Американци дошле да се борат во Украина, од кои 491 биле елиминирани. По земјите од кои наводно пристигнале најмногу платеници следуваат Грузија (1042, од кои 561 се елиминирани) и Канада (1005, од кои 422 се елиминирани).

Претходна вестДа поверуваме ли дека реконструкцијата на делницата Катланово – Петровец ќе биде готова?
Следна вест„Денови на поезијата” во „Скопје Сити Мол” – збор имаат македонските поети