Холандија и Шпанија одиграа 2-2 на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на нации, а Фуријата иако имаше водство од 0-1, сепак на крајот мораше да се спасува. Нико Вилијамс по мечот изјави дека „ќе ја уништат Холандија во недела на реваншот“.
Фудбалерот на Атлетик Билбао тоа го кажа жаргонски, но тоа ги налути Холанѓаните.
„Тоа го кажал? Во ред, ќе видиме во недела. Ако ги кажуваат овие работи, тоа е дека се самоуверени, тоа е во ред, тие се актуелни европски шампиони и мора да ги почитуваме. Во недела, кога судијата ќе свирне, ќе видиме што ќе се случи“, рече репрезентативецот на Холандија, Чави Симонс.
Слична изјава даде и селекторот на Холандија, Роналд Куман.
„Тоа што го кажува важи и за него. Како селектор на Холандија, горд сум на нашата игра. Знаеме дека ни претстои тежок натпревар, но нема да им биде лесно во недела“, рече селекторот на Холандија.
Сепак, во микс-зоната по мечот, Нико Вилијамс се дообјаснуваше и рече дека неговата изјава е извадена од контекст.
„Не го кажав тоа така, не сум таков човек“, рече Нико Вилијамс.